Тристан и Изолда
Автор: Жозеф Бедје
Година на издавање: 1865
Во романот Тристан и Изолда се зборува за љубовта помеѓу двајцата љубовници кои се сакаат се до смртта. Читателот се наоѓа во еден необичен свет каде што секојдневието е исполнето со магии, бајковитости, таинства и уплав од непроѕирноста на природата, но и на нечитливата човечка природа. Сепак, ваквиот загадочен средновековен амбиент е нагласено смекнат, зашто во замоците, во селата и во колибите, во кралските одаи и во длабоките непреодни шуми, непрекинато се одвиваат човечки средби, судири и големи трагични љубови. Романот навистина успева да ни создаде слика на средновековното феудално општество.