Ревизор
Автор: Николај Василевич Гогољ
Година на издавање: 1842
Дејството е засновано на една анегдота помеѓу Гогољ и Пушкин, а драмата всушност е комедија на нарави, каде се исмеваат човековата алчност, неукост, како и политичката корупција во Руската Империја од тоа време. Драмата „Ревизор“ се одвива во 19 век во царска Русија, во еден провинциски град, недалеку од Петерсбург. Гогољ на сатиричен начин ги анализира ликовите и случувањата, особено осврнувајки се кон припадниците на државната бирократија. Во тоа време поголемиот дел од населението живее во сиромаштија, на чиј грб големиот бирократски апарат станува се помногуброен и сѐ покорумпиран. Во провинциите царува малограѓанштината и полтронството.