Хаклбери Фин
Автор: Марк Твен
Година на издавање: 1884
Една од највозбудливите приказни за детството и за растењето. Ода за потрагата по слобода и за тоа дека вистинските човечки вредности постојат во сите нас, без разлика на класната припадност и на нашата боја на кожата. Нејзин главен лик и раскажувач е Хаклбери Фин, палаво момче кое многу повеќе сака да скита отколку да ѝ дозволи на вдовицата Даглас да го воспита и да го одгледа како свој син. Растргнат меѓу желбата да биде „примерно“ дете и да ужива во слободата, Хаклбери Фин ќе проживее многу тешки моменти со својот татко, пијаница. На крајот, ќе го испланира своето „убиство“ и ќе успее да се ослободи од него. Дури тогаш започнуваат неговите вистински авантури по реката Мисисипи. Патувајќи со недели со избеганиот црн роб Џим, во Хак почнуваат да се борат чувствата на приврзаност и пријателство со општоприфатените ставови на општеството. На крајот, Хак и Том Соер го ослободуваат заробениот Џим со една спектакуларна акција...