Наставникот е носител на промените
Автор: Божидар Јовиќ
Година на издавање: 2011
Трудот „Наставникот е носител на промените“ од Божидар Јовиќ претставува резултат на неговата долгогодишна работа во просветата, практично во сите сегменти на обазованието и е еден вид продолжување на неговата работа почната со книгата „Современо училиште - избор или потреба“. Сите теми содржани во трудот се актуелни, интересно поставени и, во голем број случаи, проблематични, дури и провокативни. Авторот се запира на прашања за тоа како треба да се однесува наставникот, како да ја креира својата работа и да го осмислува целиот наставен процес, но и на дел од проблемите во современиот образовен систем за кои, по нивното дефинирање, се разгледуваат можностите и се предлагаат начини и патишта за нивно решавање. Најголемата предност не е во лоцирање на проблемите, туку во тоа што авторот предлага, и патишта, начини и стратегии за нивно разрешување, со што внесува голем придонес во процесот за подобрување на ефикасноста и осовременување на наставниот процес. Големо внимание е одделено и на прашања сврзани со функциналноста на наставните програми, на прашањата за стручноста и на перманентното усовршување на наставниците кои се директно вклучени во наставниот процес итн.