Завет. Јад
Автор: Глигор Стојковски
Година на издавање: 2015
Ни ги ништат со меч и пламен со умисла и со злоба и нашите и божјите градби од дамнина. Ги собираа(т) купче камењата и цреповите и задоволни од стореното седнуваа(т) на ридовите. Да починат и оттаму да нè гледаат и да премеруваат за колку ни ги скусиле животите и колку нов страв скрб и јад стиснале во нашите сенки за да ги направат уште потешки уште потемни.