Балкански парадокси
Автор: Катица Ќулавкова
Година на издавање: 2016
Книгата Балкански парадокси на Катица ЌУЛАВКОВА е составена од огледи кои ја толкуваат балканската културна историја и современост (во тој контекст и македонската) од перспектива на нејзините митски, историски, книжевни и политички аспекти. Таа ги демистифицира стереотипите рефлектирани во еминентните митски, епски, библиски, историски и политички наративи (архетипот на Злодоброто, Црн Бог, жртвувањето на синот, Одисеј, Пенелопа, Крале Марко, вавилонската јазична кула). Критичкото толкување на наследените балкански стеротипи (на насилството, варваризмот и верноста, на ’бурето барут’ и ’пандорината кутија’, на ’мешаната салата’, ’папокот на цивилизацијата’ и на “монетата за поткусурување’) подразбира скептичност, но и визија. Критичкиот став е скептичен спрема конзервативните системи на вредности, но е отворен спрема новите развојни опции. Поради тоа, кигата Балкански парадокси парадокси го ревидира доминантниот културолошки дискурс за Балканот и ја сугерира потребата од ревизија на актуелните геополитички стратегии спрема Балканот (divide et impera,. балканизација). Следејќи ги разликите меѓу феноменологијата и онтологијата на Балканот, книгата Балкански парадокси на Катица Ќулавкова нуди ново читање на Балканот, едновремено суптилно и фасцинантно.