Црно семе
Автор: Ташко Георгиевски
Година на издавање: 1966
Во низата романи за судбината на Македонецот од егејскиот дел; мотивот на прогонот, насилството и теророт е даден во романот „Црно семе“. Темата на романот е судбината на група Македонци, затвореници на еден пуст остров во Егејското Море. Идејата е дека никакви насилства, физичка и психичка тортура не можат да го скршат човековото достоинство и да му го погазат чувството за национална припадност. Времето на случување е Граѓанската војна во Грција, крајот на четириесеттите години од 20 век (нешто по Втората светска војна). За основа на фабулата е земен конкретен настан: кон крајот на Граѓанската војна монархистичката власт изделува една група војници – комунисти и Македонци кои ги обвинува за работење против тој режим. Ги носат на пуст остров за да ги превоспитаат.