Ромео и Јулија
Автор: Вилијам Шекспир
Година на издавање: 1597
„Ромео и Јулија“ е трагедија од славниот драматург Вилијам Шекспир во која се работи за двајца млади љубовници чија предвремена смрт засекогаш ги обединува нивните скарани семејства. Денес ови двајца главните ликови се сметаат за архетипни млади љубовници. „Ромео и Јулија“ спаѓа во родот на антички љубовни трагедии. Заплетот во трагедијата е базиран на италијанска приказна, препеана во стихови. Дејството се случува во малото италијанско гратче, Верона. Според многумина тоа градот на вечната романса и вистинската љубов.