Пат околу светот за 80 дена
Автор: Жил Верн
Година на издавање: 1873
Во романот “Пат околу светот за 80 дена” се опишани авантурите на англискиот џентлмен Филеас Фог. Тој со своите пријатели од еден лондонски клуб ќе се обложи дека ќе реализира пат околу светот за 80 дена. На пат околу светот тој тргнува со својот француски слуга Паспарту, но тој за цело време тајно ќе биде следен од еден детектив кој е убеден дека Филеас Фог извршил кражба во најпознатата англиска банка. Употребувајќи ги сите транспортни средства: брод, воз, автомобил, јахта, трговски брод, санка, слон и сл.,чудниот џентлмен Фог, благодарејќи на тоа што е флегматичен, но истовремено и многу енергичен, ќе успее, на патот околу светот, да совлада безброј пречки што ќе му бидат создавани од природата, но најмногу од луѓето.