Прозни молитви
Автор: Маја Арминовска
Година на издавање: 2011
Книга која избилува со мудрости, на кои еден тежок живот се научил, препреки кои мора да се помината, за да дојде уште едно ново утре, уште едно среќно изгрејсонце после темната, болна и дождлива ноќ. Кратки раскази, есеи, кои би биле сочекот на едно постоење, прилика да се наѕирне во туѓото битисување, грст соочувања, перипетија, ѕвездени мигови на среќа и болни и тешки мигови на едно долгорочно тагување... Сé што излегло од душа која создава свој идентитет, е како уметничко дело кое наместо со четка и палета бои, е насликано со силни зборови, мисли кои пред очите на читателот доловуваат една ситуација во која да кажам судбината царува, без иако се сака да се може да се презема контролата во свои раце, да се засири кормилото на брегот на перманетната исполнетост... Петска лирика, емататија, персонификаци, повеќе поетски правци испреплетени по страниците на книгата во центарот на мојата душа.