Мали сказни не баш мазни
Автор: Зоран Михајлов
Година на издавање: 2007
Афоризмот како најкратка форма на уметничко изразување на мислата (да не го споредам со танга гажичките), речиси и не го остава место каде би можело нешто да се скрие. Значи, афоризмиве од оваа книга, во најголем дел веќе објавени, ќе бидат едно големо соголување на мојата маленкост, која никогаш и не била премногу покриена, во периодот од триесетина години наназад. Доколку читајќи некој од афоризмите и самите се почуствувате соголени, ја симнувам одговорноста од себе. Тоа е ваш проблем.