На пат со времето
Автор: Петре Наковски
Година на издавање: 2010
Содржината на делото е проткаена со личните доживувања на авторот, како и со сведоштва на бројни живи сведоци и го опфаќа времето од крајот на граѓанска војна во Грција па се до денешни денови. Низ документарен отслик. Наковски ги ресветлува настаните и прикажува широка слика на судбоносните денови, а преку вткајување на судбините на одделни личности успеа да ги протолкува внатрешните доживувања, траумите и страдањата кои стануваат збир на колективната трагедија. Без патетика, со единоставни описи ги опишува времето и луѓето кои се принудени да ги остават родните огништа и по разни патишта осакатени физички и психички да се прашуваат каде ги водат и каде им е татковината. Во ова возбудливо дело авторот говори за трагични настани поврзани со преселбите. Плипот од тревожни спомени проблеснува во оваа документарна проза, со автентичните кажувања на лица кои лично ја доживеале голготата на граѓанската војна во Грција.