Инсомнија
Автор: Вера Благојевиќ
Година на издавање: 2018
Стихозбирката содржи 48 песни во кои доминира субјективната лирика, внатрешните, интимни доживувања на авторката со мотиви за љубовта кон семејството и најблиските, размислувања за смислата на животот, вербата и судбината, љубовта кон татковината, кон својот народ, кон минатото, со совети за сегашноста и визија за иднината. Во долгите вечерни часови несоницата може да затропа на сечија врата, како неканет гостин да заседне и да ги извлече од тебе најскриените тајни и спомени од детството и животот.