Возот на животот
Автор: Вера Благојевиќ
Година на издавање: 2019
Делото на Вера Самарјанин е испреплетено со една тешка фактографија, која реално е доживеана од главниот лик во делото, именувана условно како Славица, дете порастено во дом за деца без родители, кое никогаш не осознало кои и е мајка и татко. Авторката како докажан хуманитарец како „скриена камера“ го проследува целокупното драматично дејствие од првата до последната станица на „возот на животот“ на оваа несреќна жена, од нејзиното раѓање па се до денес, која му послужила како прототип за создавање на главниот лик во оваа монодрама како литературен облик