Свете растеш ли ко дете
Автор: Лила Арсова
Година на издавање: 2016
Од секој стих на поетесата извира топлина, љубов и магија кои ја облагородуваат чистата детска душа и со многу светлина го исполнуваат невиниот детски свет. Во стихозбирката „Свете растеш ли ко дете“, детството е покажано како на дланка: расплакано,насмеано, распеано... Тоа е најдрагоцениот спомен што човекот го носи во себе. Затоа и кај Лила се појавува желбата да го обои светот со боите на детството. А, детскиот свет ги има сите бои на виножитото и е најубава бајка. Во овој поетски ракопис доминантни се темите од урбаниот живот. Тоа се теми што провоцираат, а се преточени во песни за училиштето, природата, татковината.... Но и во таквите песни детето е оска, центар на светот.