Старата љубов
Автор: Игор Лозаноски
Година на издавање: 2018
Роман за пропуштените прилики, за пријателството, за детството и за состојбата во Македонија видени низ очите на Аврам. Аврам е малд човек кој добива стипендија да студира новинарство во Америка. Таму ја сретнува Андреа, неговата соученичка и симпатија од основно. Се зближуваат и започнуваат романса. По завршувањето на студиите се враќаат во Македонија. Но, таму работите не се исти како што биле. Се соочуваат со своето минато, со пријателите со кои се скарале заради љубов или сиппатии. Работите целосно се менуваат. Дали можат да се надополнат работите што се пропуштиле? Прашање кое самото се наметнува додека се чита романот.