Облечена за љубов
Автор: Ружица Стојановска
Година на издавање: 2017
Изненадувачки е што и покрај тежината, разочарувањето и темната страна која понекогаш ја носи љубовта, таа не се откажува од неа. Баш напротив. Таа го бодри читателот да се бори за неа. Младото женско срце повредено од љубов е бесконечно способно да љуби и ја истоветува љубовта со животот. Таа вели да сакате како деца, искрено, без страв. Со постојана желба за прв бакнеж. Со истата возбуда. Да ги оживуваме спомените. Да бидеме живи самите себе, а со тоа да му дадеме живот и на самиот живот. Дека нема откажување од нејзе, дека „срцето чука и тогаш кога е скршено“. Неверојатно! Еден од развојните моменти во цела ова целина е кога искрено пишува, дека во пишувањето го бара него, ја бара љубовта, утехата, дека со таа „мастилна крв“, може и некому да помогне. На моменти поради силното недостигање да биде со него, се сомнева во тоа. Од силната желба да биде повторно со него таа се прашува „Да не морав да ти пишувам дали ќе те имав?“ со што расте респектот кон авторот уште повеќе. Дури и се дрзнува да рече дека не треба таа да биде примерот за доживување вистинска љубов. Зашто ова младо срце се плашело и бегало од она што сакало да биде нејзино. И ве фаќа во канџи и не ве пушта лесно.