Чудесната Белица
Автор: Зоран Костески
Година на издавање: 2017
Импресиониран од природните убавини во мојот роден крај-с.Белица-Кичево. Кое располага со огромна дабова и букова шума,има две прекрасни реки, безброј извори и обработлива површина.Воодушевен од економскиот сјај во минатото,(после II светска војна),од вредните,воденичари,земјоделци,машинобравари,ковачи, тука била скромната пилана(за обработка на дрва),како и влачарницата за влачење на волна,која работела и на вода и на сопствена електрична енергија од првата хидроцентрала во Белица.Восхитен од првата работна акција 2010 год.во која учествував и јас,за изградба на *Повеќенаменскиот дом *, на кое место е наоѓаше распаднатиот школски објект. Паралелно со овие активности се редеа и културни активности, како што се традиционалните *Белички средби*, и други. Мотивиран од минатото,сегашноста и од големиот копнеж за посвелта иднина , никнаа како цвеќиња овие стихови.