Децата можат сè
Автор: Васил Мукаетов
Година на издавање: 2016
Ајде заедно да докажеме дека децата можат се. Јас се обложувам со секој што мисли поинаку. Дури сум сигурен дека денешните деца во многу нешта можат да ги подучуваат и да им бидат пример на своите родители. Се разбира, најнапред затоа што сега повеќе читаат и имаат многу модерни и интересни можности за проширување на своите знаења. Ви предлагам да се присетаме преку циклусите: Секој ќе сфати - со труд до резултати, Кога се можни и работи сложни, Излети, спортувања - разонодувања, Кога широко, кога тесно, случувања лево и десно... Се надевам дека ќе ги подразбереш како целина. Многу одамна преумниот Цепенков ја има запишано поговорката - Растат децата како лубениците во бостан. Па така и ние, низ песничкиве по нешто ќе си разјасниме и ќе си пораснеме.