Одблесокот во нејзините очи
Автор: Јане Киров
Година на издавање: 2017
Кога некого го допира љубовта, секој човек станува поет. Од сите вистини на овој свет, најдлабоки и најистрајни се вистините на срцето. А во моево срце, кротко стуткана лежи таа. Се сместила и не излегува. Таа е ликот кој го обојува светот во светли бои, лик кој возвишува. Муза која е причина за моето повторно раѓање. Личност која е достојна да живеам за да ја сакам. Доволен е еден нејзин поглед да се напишат десет стихови. За тој одблесок во нејзините очи што не се споредува ни со најблескавиот дијамант на светот, за инспирацијата која вечно ќе тече низ моиве вени ви оставам вам, драги читатели да прочитате во претстојниве стихови!