Здобол во злодоба
Автор: Кристина Павлеска
Година на издавање: 2016
Станува збор за збирка составена од песни од кои најголем процент се со љубовна позадина. Буквално паѓање и раѓање на мислите, скок од една во друга песна може да биде скок од една емоција во друга, од ден во ноќ, од смеа кон тага што всушност претставува отсликување на динамичните сценарија што се производ на една неодгатната појава што сме ја нарекле сакање. Па баш заради таа причина редоследот на темите е налик хаотичен и не може јасно да се подели на поглавни делови. Би се прашувале дали инспирацијата за секоја една песна е црпена само од еден лик. Не. За да гори огнот на уметноста на него влијаат сите што понекогаш и неприметливо ни се појавуваат во секојдневието и не тераат да почнеме да размислуваме загинувајќи се во сопствените светови на дискусија. Пулсот на еден жив човек не е рамен ниту па предвидлив, така ни низата на песните не е организирана според емоцијата која би јаразбудиле. Тенка е границата помеѓу уживањето и уништувањето во љубовта. Тенки се рабовите на лудоста и свесноста во световите на длабоките ноќи. Со друго зборови, писма, некои кон некого, некои кон себе си, некои кон нешто.