Апотеоза на болот
Автор: Ирена Постолова
Година на издавање: 2016
Насловот и посветата на книгата говорат повеќе од она што може да се каже за неа. Нема зборови кои може да ја опишат болката по такви тешки загуби, ниту да ја пополнат празнината која се создава. Но, искажаните зборови се врежуваат во сеќавањата кои траат, нудат утеха и претставуваат моќно оружје против заборавот. Всушност, целата книга е посветена на најубавото чувство, кое не одржува во живот - љубовта. Книгата е симбол на длабока љубов кон нејзините најсакани и ја носи пораката „Љуби го ближниот“.