In Nomine
Автор: Стефан Марковски
Година на издавање: 2016
За оваа поетска збирка, во својата рецензија Ефтим Клетников нагласува дека важи хајдегеровската дефиниција за поезијата како говор на битието, а Марковски како поет-филозоф преку збиени метафори и сугестивен симболизам се обидува да ги доведе во рамнотежа интуицијата и логосот. Со ова, Марковски, не следејќи ја главната поетичка структура на неговата генерација во која доминира иронијата како основна стилска фигура и светоглед, инклинира кон метафизичките и асоцијативни квалитети на поезијата. Поетот е, вели Клетников, аргонаут кој пребарува низ своето битие и во неговите длабочини го бара златното руно на своето јаство. Тоа се неговите сугестивни стихови, кои ни откриваат еден навистина оригинален и драгоцен поет во современата македонска поезија. Четириесет и едната песна од оваа збирка Марковски ги напишал во своите студентски денови.