Сталагмитска солза
Автор: Даниела Илијоска
Година на издавање: 2016
Танцот од зборови ја измива душата со сталагмитска солза. Секое чувство преплетено низ песниве дава јасна слика од животниот лак кој прободува таму каде што се прелеваат тагата, радоста, немирот, среќата и стравот. Посебно место зазема љубовта која ми ја топли оваа замрзната душа и прокапува како солза што ме потсеќа на моето постоење. Низ крвави алки ми се цеди срцето кое страда и е во потрага по сродната душа. Некои зборови ме облекуваат во морници додека се шетам низ одаите од времето. Во потрага сум по стихови кои допираат до мене, а јас растреперена од нивните прошетки го продолжувам патот. Не престанувам да ги читам строфите, а зборовите танцуваат и танцуваат...