Танте за кукуригу
Автор: Вилијам Шекспир
Година на издавање: 1623
Драмата се сосредоточува на сексот движејќи се од раскалашеноста на борделите до екстремната чесност на калуѓерството. Сексот не се користи ни за возбудување на публиката ни, во основа, за комични ефекти. Место тоа, служи за испитување на базата за воспоставување на здраво општество покажано низ односот помеѓу законот и моралноста и за искушување на човечкото поведение во услови на емоционален стрес. Поставените проблеми се сериозни, тонот, како и во другите комедии e мрачен. Во тој поглед оваа е најмрачната од сите мрачни комедии на Шекспир. Сепак, делото е комедија во класична смисла на зборот. На крајот, секој од клучните ликови ја добива својата поука и научува дека умереноста, едно од значењата на ‘мерка’ во седумнаесеттиот век, е најдобриот курс за здравјето на општеството.