Кориолан
Автор: Вилијам Шекспир
Година на издавање: 1605
Кориолан е политичка драма во која сепак не доминира политиката, расправиите за демократијата, војната и мирот, партискиот систем, туку индивидуалното доживување на еден дух ставен на тешко искушение и приклештен во менѓемето меѓу службата кон татковината, сопствената жед за слава, потребите на храброста, илитизмот и презирот кон толпата и, се разбира, прангите на моќниот мајчин јарем. Овој јарем на Волумнија, храбрата, достоинствена, но се чини, и премногу конвенционална и посесивна мајка, што речиси едиповски владее со судбината на храбриот, достоинствен но сепак мошне своеглав, суетен и недоволно разборит син, е главната причина за трагичниот крај на Кориолан во комбинација со трагичноста, што, се чини, тој ја носел во себе уште од раното детство, а тоа е губењето на еден од родителите и потпаѓањето под неконтролираното влијание на другиот, односно мајката, во случајов. Се разбира Кориолан е драма што заслужува поопстојна социолошка и психолошка анализа и резултатите од неа сигурно би ги расветлиле трагичните аспекти на комплексниот подем и пад на овој легендарен римски јунак.