Парите се отепувачка
Автор: Ристо Крле
Година на издавање: 1938
Парите се отепувачка е битово-социјална драма во пет чина со мотиви од печалбарскиот живот. Го опишува сиромашниот живот на луѓето од Западна Македонија на почетокот на XX век и потребата да се оди на печалба за да се обезбеди егзистенцијата. Проклетството на парите кои се бргу и на погрешен начин спечалени се лајт-мотив на оваа драма, проклетство кое успева да направи синоубиец и од најскромниот и најчесен родител......