Астеропај
Автор: Илко Димитриески
Година на издавање: 2016
Со првата книга Аксиј кого Хомер го воспева како речниот бог во епот за Тројанската војна во славната Илијада авторот само не подсеќа на силината Вардарова од изворите под Шара таму во Вруток до утоката во Белото море. Поезијата по четврти пат ни ја нуди Димитриески како опој со кој е вдахновен и преокупиран во овој период. Астеропај е јунакот Пајонски кого повторно го воспева Хпмер во Илијадата. Тоа е синот на Пелагон и Перибоја кој на непобедливиот јунак Одисеј му ја наноси првата рана. По принципот на опеаните јунаци и он ќе биде овековечен на небесата како поим за астероидното, светлосното во општите поими, сигурно некаде до седумте сестри Плеади, ќерките Океанови. Колку до извориштето да не поведе на патот за корените и бојдалето чукундедово од овие простори кој ги овековечуваат митските автори. Самата книга е претежно со Лирски минијатури кој авторот не ги унифицирал и интернационализирал по принципите на глобалното, но напротив така оргинални им ги понуди на читателите да застанат рамо до рамо со другите слични минијатури посебно со Хаику и Хаигу поетските дострели. За да ја избегне монотоноста и вообичаенто клише, тој прави напори со некој други поетски изрази да ја дополни празнината на еднородните и прави додатоци. Така ќе сретнеме познати мисли од значајни личности. Потоа ќе ја сетиме и поетската игра во делот на ‘‘Презимија презимињата ‘‘ како и напорот за една поема која треба да збори за Каузата.